Газдата ќе кешира по 4.000 евра за секоја пријава од работник

Bez autora
Jun 19 2014

Ниската казна до 4.000 евра за фирмите кои на работниците нема да им го исплатат регресот за годишен одмор до крајот на годинава, го спушта оптимизмот кај граѓаните вработени во приватниот сектор дека ќе добијат К15. Тие се надеваат дека работодавецот ќе заработи таква казна за секој работник на кој нема да му го даде регресот, во спротивно, без него може да останат вработените во поголемите фирми, во кои казната од 4.000 евра е пониска од вкупната сума што како регрес треба да им се исплати на сите работници. Со општиот колективен договор за стопанството висината на К15 е договорена на 40% од просечната месечна републичка плата и според сегашните пресметки изнесува околу 8.500 денари. Од Министерството за труд и социјална политика побаравме, но не добивме конкретен одговор на кој начин ќе казнуваат инспекторите.

Газдата ќе кешира по 4.000 евра за секоја пријава од работникНиската казна до 4.000 евра за фирмите кои на работниците нема да им го исплатат регресот за годишен одмор до крајот на годинава, го спушта оптимизмот кај граѓаните вработени во приватниот сектор дека ќе добијат К15.

Тие се надеваат дека работодавецот ќе заработи таква казна за секој работник на кој нема да му го даде регресот, во спротивно, без него може да останат вработените во поголемите фирми, во кои казната од 4.000 евра е пониска од вкупната сума што како регрес треба да им се исплати на сите работници. Со општиот колективен договор за стопанството висината на К15 е договорена на 40% од просечната месечна републичка плата и според сегашните пресметки изнесува околу 8.500 денари.

Од Министерството за труд и социјална политика побаравме, но не добивме конкретен одговор на кој начин ќе казнуваат инспекторите.

- Ако е претставка од поединечен работник, казната ќе се изрекува по секоја претставка - велат од Министерството и додаваат дека трудовите инспектори ќе постапуваат и по анонимни пријави. Но, не објаснуваат каква ќе биде казната ако работниците не пријават, а инспекторите утврдат неисплата на К15 при контрола.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Живко Митревски, пак, објаснува дека казната што се движи од 3.000 до 4.000 евра работодавците ќе ја плаќаат еднократно откако инспекторите ќе утврдат дека не исплатиле К15. Така било договорено во Социјално економскиот совет кога се утврдувал Колективниот договор. Сепак, вели тој, работниците кои се членови на ССМ треба да се спокојни и да сметаат на заштитата од синдикатот ако нивните работодавци не ја почитуваат оваа одредба од Договорот.

- Ако Трудовата инспекција утврди со записник дека некој работодавец на своите работници не им исплатил К15, ќе ја плати предвидената казна. За да го добијат регресот, работниците ќе треба да го тужат, но не треба да се плашат од тоа, зашто доколку се наши членови, ние ќе постапуваме без нивна пријава, според записникот на инспекторите. Ние бесплатно ќе ги застапуваме на суд, а бидејќи може да се смета дека таквите спорови се однапред добиени, работодавецот тогаш ќе мора да им го исплати регресот, да им плати и камата за секој ден задоцнување и да ги намири сите трошоци на судењето. Ако не ја исполни и таа обврска, ќе преземеме и други правни мерки, како кривични пријави - објаснува Митревски.

Со вакво решение во неповолна ситуација ќе се најдат работниците кои не се членови на синдикатот, бидејќи тешко ќе се осмелат самите да го тужат газдата од страв дека потоа можат да останат без работа. Митревски до нив упатува отворен повик да се зачленат во ССМ, зашто, како што вели, синдикатот ќе постапува за нив исто како и за старите членови.

Со Колективниот договор склучен лани приватните работодавци добија обврска регресот за годишен одмор до крајот на годинава да им го исплатат на сите работници кои без прекини работеле кај нив шест месеци во текот на календарската година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik